До Општина Крива Паланка од страна на Центар за јавно здравје се пристигнати Извештаи од спроведено годишно тестирање и анализа на вода во м.в. Пашина Воденица, која покажува дека водата на земените мостри од овие води во однос на физичко -хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода односно истата не е безбедна за пиење и користење.
Од тие причини се известува месното население – корисници на наведените локални водоводи и чешми дека е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на водата.