До Општина Крива Паланка од страна на Центар за јавно здравје се пристигнати Извештаи од спроведено годишно тестирање и анализа на вода од јавна чешма – Дервен, која покажува дека водата на земените мостри од оваа вода во однос на физичко -хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода, односно истата се забранува за пиење и користење.
Од тие причини се известува месното население – корисници на наведената чешма дека е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на водата.