Дневен ред на 14-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 14-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30. 09.2022 година (петок ) во 12 ,00 часот. 

Д н е в е н   р е д:

 Усвојување на записникот од 13-та седница

  1. Предлог- Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „ Ѓорче Перов “ –Крива Паланка за учебната 2021/2022 година;
  2. Предлог- Одлука за усвојување на Програма за работа на СОУ„Ѓорче Петров “ –Крива Паланка за учебната 2022/2023 година;
  3. Предлог-Решение за разрешување на  член на Управен одбор на СОУ„ Ѓорче Петров “ – Крива Паланка;
  4. Предлог – Решение за именување член на Управен   одбор на СОУ„Ѓорче Петров  “ – Крива Паланка;
  5. Предлог-Мислење за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности за учениците од  III ,VI  и IX-то  – одделение од ООУ „ Јоаким Крчовски “ – Крива Паланка за учебната 2022/23 година ;
  6. Предлог-Мислење за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности за учениците од  III ,VI  и IX-то  – одделение од ООУ „ Илинден “ – Крива Паланка за учебната 2022/23 година ;
  7. Предлог-Одлука за искнижување од деловните книги на расходувана електронска, сметачка и друга опрема, канцелариски намештај и друга опрема, ПП опрема и ПП апарати и останата неспомната опрема;
  8. Предлог-Одлука за отстапување на Е-Отпад на општина Крива Паланка на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје;
  9. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2022година;
  10. Предлог – Одлука за усвојување на   Родово одговорна СТРАТЕГИЈА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ  на Општина КРИВА ПАЛАНКА 2022 – 2027;
  11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на сообраќајна сигнализација за 2022 на подрачјето на Општина Крива Паланка ;
  12. Предлог-Програма за  изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2022 година;
  13. Предлог-Програма за  изменување и дополнување на Одлуката за времено уредување на јавни површини бр. 09-1975/23 од 23.05.2022 година;
  14. Предлог-Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Крива Паланка;
  15. .Предлог – Одлука за  изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка   за 2022 година;
  16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за  к.п.бр.1039/2 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
  17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.1257 и к.п.рб.1119 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
  18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 2626/2 и к.п.бр.2626/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  19. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.1032/2 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
  20. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.3329/2 и дел од к.п.бр.3331 во КО Конопница, Општина Крива Паланка
  21. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.738/1 во КО Лозаново , Општина Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска с.р

Големина на фонт
Контраст