Почитувани,
Ве известуваме дека, членовите на Локалниот совет за превенција на Општина Крива Паланка организираат тактичко-показна вежба за проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и справување во училиштето во случај на насилство во СОУ Ѓорче Петров.
Поради тоа во текот на вежбата ќе бидат користени звучни и светлосни сигнали, ја информираме јавноста дека нема потреба од вознемиреност и паника.
Вежбата ќе започне во 13.00 часот, а ќе заврши во 15.00 часот со смотра во училишниот двор на 14.10.2022 година ( петок ).
Со почит