На ден 31.10.2022 г со почеток од 11.00 часот во просториите на Европската куќа (EU House), Општина Крива Паланка како дел од проектот “Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан“ (ReLOaD2), организира јавна дебата за дефинирање на приоритети пред обрајување на јавен повик за граѓаниските организации.
Овој пристап на Локалната самоуправа, подразбира обрајување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти во дадената област. Понатака, проектите ќе бидат отценувани од страна на комисија и на крај се врши финансирање од буџетот на Општина Крива Паланка.
Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резулатати за локалното население. Дефинирањето на приоритетите за јавниот повик представува клучна задача во овој период пред објавување на јавниот повик и затоа во прилог ви следуваат предлог приоритети кои заедно со Вас ќе ги дефинираме на средбата нa 31. 10. 2022г..
Општина Крива Паланка
Област: Млади
1. Активности за спречување и препознавање на разни видови насилство кај младите;
2. Проекти за младинска партиципација и младински активизам;
3. Активности за едукација и превенција од разни видови на зависности кај младите;
4. Поддршка на проекти и активости за социјална инклузија на младите особено од ранливи групи и од руралните средини;