Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 16-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 14.11.2022 година (понеделник ) во 11,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записник 14 и 15-та седница
- Предлог – Одлука за усвојување на квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Крива Паланка за К1 ,К2 и К3 зa III квартал зa 2022 – Крива Палнака;
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2022 година ;
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на буџетот на Општина Крива Паланка за 2022 година ;
- Предлог –Одлука за преотстапување на право на трајно користење на движни ствари без надоместок на Јавното Претпријатие „КОМУНАЛЕЦ“ – Крива Паланка ;
- Предлог – Одлука за предавање на објект ,,Надградба,реконструкција и адаптација на постоечки објект По+Пр и надградба со нов кат 1 Детска Градинка со намена В2 лоцирана на КП бр.1684 во КО Крива Паланка“, општина Крива Паланка, на ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за кофинансирање на проект „Изградба на локален пат во с.Кркља ( од приклучок на асфалтен пат кон маала Џиковци и Тукарци)“, Општина Крива Паланка;
- Предлог –Одлука за кофинансирање на проект „Реконструкција на ул. Св Јоаким Осоговски на потег од Осички Мост до спој со магистрален пат А2“, Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за престанување со работа на подрачното училиште во с. Станци при ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈП Комуналец Крива Паланка бр.02-320/7 од 24.04.2017 година ;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука за проширување на дејнста на ЈП Комуналец Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за давање на согласност на измената на годишниот план за вработување за 2022 година на Општина Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за спроведување на Програмата за развој на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2021;
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа со Финансов извештај на Центарот за развој на Североисточен плански регион со завршна сметка за 2021;
- Предлог – Одлука за усвојување на Локален акционен план на Општина Крива Паланка и Ромската заедница за период 2023-2026 година ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 3049/5 и к.п.бр.3049/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.2332 во КО Конопница, Општина Крива Паланка ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 94 и к.п.бр.95 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.5133/4 и дел од к.п.бр. 5133/5 во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 3109 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 3049/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.3049/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка,
- Советнички прашања.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.