ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА
*РОДОВО ОДГОВОРЕН БУЏЕТСКИ ФОРУМ*
11.11.2022г. (петок ), 13 часот, место- општинска сала
Почитувани граѓани и граѓанки,
Ве покануваме да учествувате на втората Форумска сесија, од *РОДОВО ОДГОВОРНИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМСКИ ПРОЦЕС * кој ќе се одржи на 11 ноември (ПЕТОК), во општинската сала во 13 часот ,во Крива Паланка.
Целта на втората форумска сесија е граѓаните да се запознаат со планираните и реализирани расходи на Општина Крива Паланка за 2022г. (заклучно со месец септември). Со цел да добијат појасна слика за буџетот, односно финансиските можности на општината.
Општината низ еден широк и транспарентен начин ќе реализира оперативно родово одговорно годишно планирање и буџетирање согласно стратешките развојни приоритети на општината утврдени во Родово одговорната Стратегија за одржлив развој (2022-2027) на општината, со подршка на проектот на UN Women „Промовирање родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.
На втората форумска сесија ќе бидат презентирани и расходите на буџетските програми за 2023 година, и форумот ќе има можност да дискутира по предлозите на општината, да дава свои предлози и мислења вклучително и родовата интеграција како во предлозите од општината исто и во предлозите од форумот.
Форумот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби и приоритети на граѓаните и граѓанките. Една од целите на овој форум – работилница е и градење и унапредување на капацитетите на граѓаните/ките и на општинската администрација,како и да се подигне свеста кај сите нас дека сите ние сме еднакви но различни, со различни потреби и приоритети.
За сите дополнителни информации доколку имате потреба во врска со форумските сесии лице за контакт е Лидија Митовска, [email protected] , 076 337 445
Вашето директно учество и придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година е од голема важност и интерес за целата локална заедница.
Бидете поздравени!
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски