ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧУВААТ
трета форумска сесија
*РОДОВО ОДГОВОРЕН БУЏЕТСКИ ФОРУМ*
15.11.2022г. (вторник), 13 часот, место- општинска сала
Почитувани граѓани и граѓанки,
Третата форумска сесија од родово одговорниот буџетскиот форум во општина Крива Паланка ќе се одржи на 15 ноември 2022 година, во салата на општината со почеток во 13 часот.
Ве покануваме да учествувате на третата Форумска сесија, од *РОДОВО ОДГОВОРНИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМСКИ ПРОЦЕС*
На третата форумска сесија ќе бидат презентирани и расходите на преостанатите 6 приоритетни буџетскит програми за 2023 година според форумот, (програмата за изградба на улици и патишта, програмата за уредување на градежно земјиште, програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа, програмата за локален економски развој, програмата за соработка со граѓански организации и фондации и програмата за култура.)
Форумот – граѓаните ќе имаат можност да расправаат по предлозите на општината но и да ги дадат и своите предлози и мислења во врска со програмите кои ќе бидат предмет на дискусија.
Форумот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби и приоритети на граѓаните и граѓанките. Една од целите на овој форум – работилница е и градење и унапредување на капацитетите на граѓаните/ките и на општинската администрација,како и да се подигне свеста кај сите нас дека сите ние сме еднакви но различни, со различни потреби и приоритети.
За сите дополнителни информации доколку имате потреба во врска со форумските сесии лице за контакт е Лидија Митовска, [email protected] , 076 337 445
Вашето директно учество и придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година е од голема важност и интерес за целата локална заедница.
Бидете поздравени!
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски