Достава на опомени за неплатен долг за данок на имот и фирмарина

Општина Крива Паланка ги известува сите даночни обврзници дека во тек е доставувањето на опомени за неплатен долг за данок на имот и за комуналната такса-фирмарина заклучно со 2022 година.

Сите забелешки граѓаните можат да ги достават секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот со поднесување барање на шалтерите во архивата на општина Крива Паланка.

Одделение за финансиски прашања
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст