Се известуваат граѓаните кои имаат оставено на јавни коловозни и тротоарски површини: огревни дрва, приколки, хаварисани и нерегистрирани возила, песок, камења и др. материјал до крајот на оваа недела заклучно со 27 ноември да ги отстранат истите од тротоарите и коловозните површини за да може непречено да се чистат и одржуваат овие јавни површини, односно несметено да може да проаѓаат возилата и механизацијата за одржување на јавната чистота и за зимско одржување на истите.
Со истата намера исто така се известуваат и граѓаните сопственици и корисници на регистрирани возила да не ги паркираат истите на тротоарските површини покрај Главната улица во градот на потег од Пекља до Мотел и истите да ги користат најблиските паркинг места во градот.
Во тек е спроведување на инспекциски надзор и контрола на моменталната состојба на улиците од надлежните од страна на општински инспекциски служби и изрекување на усни опомени кон лицата кои имаат сторено недозволени дејства . Несовесните граѓани кои нема да постапат според горе наведеното после истекот на наведениот рок ќе се соочат со можни санкции согласно законите.