ЧЕТВРТА форумска сесија
*РОДОВО ОДГОВОРЕН БУЏЕТСКИ ФОРУМ*
29.11.2022г. (вторник), 13 часот, место- општинска сала
Почитувани граѓани и граѓанки,
Четвртата форумска сесија од родово одговорниот буџетскиот форум во општина Крива Паланка ќе се одржи на 29-ти ноември 2022 година, во салата на општината со почеток во 13 часот.
Ве покануваме да учествувате на четвртата Форумска сесија, од *РОДОВО ОДГОВОРНИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМСКИ ПРОЦЕС *
На оваа форумска сесија граѓаните, кои се стекнале со право на глас, ќе гласаат и ќе одлучуваат по програмите и проектите што беа предмет на дискусија во текот на изминатите сесии и кои се дел од општинскиот буџет за 2023 година. Имено, од нивна страна ќе биде направена приоритетна листа за буџетските програми и проектните активности, меѓу кои се предлозите дадени од учесниците на II и III форумска сесија во рамки на 10 оперативни годишни буџетски програми на општината, а кои се очекува да бидат реализирани идната година.
На оваа сесија ќе бидат презентирани и севкупните резултати од буџетскиот форумски процес, како и препораките од граѓаните до општината.
Ќе биде формирана и Работна група, која ќе ги застапува граѓаните и ќе го следи спроведувањето на донесените форумски предлози, препораки и проекти.
Градоначалникот Сашко Митовски, ќе има свое обраќање кон присутните во однос на форумските одлуки од граѓаните и обврската од страна на општината за нивно спроведување.
Во октомври-ноември, идната година, за кога е предвидена петата (последователна ) сесија, општината треба да даде отчет за реализација на граѓанските предлози и приоритети,произлезени од форумскиот процес.
Форумот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби и приоритети на граѓаните и граѓанките
За сите дополнителни информации доколку имате потреба во врска со форумските сесии, лице за контакт е Лидија Митовска, [email protected] , 076 337 445
Бидете поздравени!
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски