Известување за граѓаните за одбележување на Богојавление – Водици и Пифтијада 2023

На ден 19.01.2023 (четврток) од 08.00 до 11.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Кумановско-осоговска епархија, ќе се одбeлежи големиот христијански празник Богојавление – Водици и манифестацијата „ПИФТИЈАДА 2023“.

Прославата започнува со светата божествена литургија во црквата Свети Димитрија, по што следува чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на благословениот крст во водите на Крива Река, а потоа продолжува со програмскиот дел  манифестацијата „Пивтијада 2023“ на градскиот плоштад.

Фрлањето на крстот ќе се случува  од 9.30 часот, од мостот што води кон населбата „Бавчалк“, популарно викан Шанин мост.

Сите заинтересирани верници, кои ќе скокат по крстот во водите на Крива Река потребно е да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар и да достават потврда  за нивната здравствена состојба, во црквата Свети Димитрија.

За многубројните посетители, локалната самоуправа организира и програмски дел за манифестација „ПИФТИЈАДА 2023“ на градскиот плоштад, за што доплнително ќе следи известување со конкретно дефинирана програма.

Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на местотото на настанот и заеднички во духот на традицијата да го прославиме овој убав празничен  ден.

Општина Крива Паланка,
Градоначалник,
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст