Сооглед на најавите за врнежи на снег во наредните денови, надлежните служби на Општина Крива Паланка ги известуваат граѓаните за одредени задолжителни обврски во состојба на зимски услови и тоа :
Како прво со цел навремено, непречено и целосно чистење на снегот и ледот од коловозните површини на улиците во населбите, се молат граѓаните во рок од 24 часа од објавата на оваа известување , да ги отстранат паркираните возила по улиците односно истите да се паркираат надвор од коловозните и тротоарските површини.
Комунално редарските служби од општината ќе спроведуваат вонредни теренски контроли по улиците и ќе ги забележуваат неотстранетите возила од коловозните и тротоарските површини и против несовесните сопственици кои нема да го почитуваат оваа известување ќе превземат соодветни законски мерки .
Исто така се потсетуваат сите правни и физички лица , сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на општина Крива Паланка , дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го чистат снегот и ледот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до истите..
Отстранувањето на снегот и ледот од јавните површини пред деловни објекти е согласно членот 22 од Законот за јавна чистота и член 383 од Одлуката за комунален ред и нејзино спроведување на подрачјето на општината Крива Паланка.
И во овој случај доколку сопствениците или корисниците на деловните и други објекти не го исчистат снегот и ледот пред нивните објекти , надлежните комунално редарски и инспекциски служби ќе ги превземат соодветните предвидени законски мерки.
Почитувани сограѓани уште еднаш Ве замолуваме да ги почитувате наведените известувања и со тоа покажете поголема општествена одговорност бидејки е од заеднички интерес улиците и тротоарите да бидат проодни за сите нас.
Општина Крива Паланка