Соопштение за организирање на стручна расправа по трет пат за нацрт план за ГУП за град Крива Паланка Општина Крива Паланка

Врз основа на член 34 од Законот за за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), a во согласнсот со член 93 и член 94 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20) градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на стручна расправа по трет пат за нацрт план за ГУП за град Крива Паланка
Општина Крива Паланка

Стручната расправа по трет пат за нацрт план за ГУП за град Крива Паланка ќе се одржи од 03.02.2023 година во 09:00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Нацрт план за ГУП за град Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе биде објавен во информацискиот систем на е-урбанизам, на веб сајтот на општинта Крива Паланка, во две јавни гласила, изложен на печатени плакати и соопштенија во планскиот опфат на јавно место и на информациските табли на општаната Крива Паланка и во просториите на општината Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст