Општина Крива Паланка започнува со реализација на проектен Форум во заедницата, кој се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинасира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Имплементацијата на програмските активности е поддржана и од Општина Крива Паланка.
Првата сесија од проектниот форум ќе се оддржи на ден 24.02.2023 год. (петок) со почеток од 12.30 часот, во просториите на големата општинска сала.
На форумските сесии присутните ќе имаат можност директно да предлагаат и изберат приоритетни проекти кои ќе влијааат врз подобрување на социоекономската состојба во општината, а истите ќе се финансираат од проектниот фонд.
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. А форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.
Се покануваат сите заинтересирани граѓани, преставници на ЗГ, претставници од приватниот сектор, образовни унституции и други, да учествуваат на форумската сесија.