Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 22-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 28.02.2023 година (вторник ) во 11,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записник од 20 и 21 – та седница
-ПЕФА Извештај презентиран од Здружение за финансиски работници и доделување на серттификати –
- Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за IV квартал за 2022 година;
- Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година ;
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина КРИВА ПАЛАНКА за 2023 година;
- Предлог-Буџетски календар за 2023 година на Општина Крива Паланка;
- Предлог Одлука за процена на пазарна вредност по зони на недвижен имот, градежно изградено, неизградено и земјоделско земјиште во Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за висината на комуналните такси на Општина Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за кофинансирање на проект „Уредување на јавна површина и поставување на урбана опрема на КП 3149 КО Крива Паланка“во Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП Комуналец за 2023 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за расходирање на основни сретства ,опрема и нивна продажба ;
- Предлог-Решение за разрешување на член на Управен одбор на ЈПКомуналец Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за работа на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2022 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за програма за работа на ОСБСП за 2022 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на извештај за еднакви можности на жените и мажите за 2022година на Општина Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за Извештајат за реализирани активности по програмата за активностите на Општина Крива паланка за подршка на граѓанските здруженија во 2022 година ;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2022 година ;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за образование и спорт за 2022 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2022 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2022 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за култура за 2022 година;
- Предлог-Одлука за доделување на признание за Најуспешен просветен работник во одделенска настава и признание за Најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на Општина Крива Паланка за учебната 2022/2023 година;
- Предлог- Одлука за давање согласност на предлог-планот за запишување ученици во прва година во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка за учебната 2023/2024 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2022 година за Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување за 2022 година за Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа за 2022 година за Општина Крива Паланка;
- Предлог -Одлука за усвојување на Годишен извештај по Програма за изградба,реконструкција и одржување на локална водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2022 година ;
- Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на недвижен имот – деловен објект во сопственост на Општина Крива Паланка со електронско јавно наддавање;
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот по Програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2022 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за спроведување на Програмата за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2022 година ;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма за уредување на сообраќајна сигнализација за 2022 на подрачјето на Општина Крива Паланка
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2022 година ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.7144 во КО Конопница, Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.7779 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 1226/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.7806 и дел од к.п.бр.7838 во КО Конопница, Општина Крива Паланка ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.445 и дел од к.п.бр.446/1 во КО Дурачка Река, Општина Крива Паланка .
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.