Дневен ред на 23-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 23-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 06.03.2023 година (понедеделник  ) во 09,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

  1. Информација за преземени мерки и активности на СВР Куманово ОВР Крива Паланка   во текот на второто  полугодие од 2022 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работа на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2022 година;
  3. Предлог – Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2022 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ Крива Паланка за 2022 година;
  5. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Илинден“ Крива Паланка за 2022 година;
  6. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка за 2022 година;
  7. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Средното општинско  училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за 2022 година;
  8. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за 2022 година;
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2022 година ;
  10. Предлог- Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2022 година;
  11. Предлог- Позитивно мислење на Статутарната одлука и Одлуката за усвојување на статутарната одлука на ООУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ – Крива Паланка ;
  12. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за времено уредување на јавни површини бр. 09-1975/23 од 23.05.2022 година, бр. 09-3718/27 од 30.09.2022 година и бр.09-4665/63 од 09.12.2022 година.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                    Претседател,
                                                                                                        Изабела Павловска , с.р.

 

Големина на фонт
Контраст