Надлежните служби на Општина Крива Паланка ги известуваат сите правни и физички лица кои се наоѓаат во околина на Зелениот пазар, дека ќе се започне со реализација на проектот за доуредување на платото на зелениот пазар, просторот пред пазарот како и улицата која води до и покрај зелениот пазар, односно асфалтирање и партерно уредување на наведените површини.
Со цел да не се раскопуваат новите асфалтирани површини во блиска иднина, се известуваат сите правни и физички лица кои имаат потреба или блиска намера за измена или потреба од нова или дополнителна подземна инфраструктура (водоводна, канализациона, атмосферска и електро мрежа) во текот на оваа и наредната недела да се пријават во Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура за да го договорат начинот и временскиот период за навремено поставување на подземната инсталација.