Дневен ред на 5-та седница на Советот

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   5-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 29.09.2009 година (вторник) во 14 часот.

 Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

– Усвојување на Записникот од 4-та седница на Советот.
1. Извештај за реализацијата на Годишната програма за работа на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка во учебната 2008/2009 година;
 2. Годишна програма за работа на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка во учебната 2009/2010 година;
 3. Предлог – Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици;
 4. Извештај за работа на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за учебната 2008/2009 година;
 5. Годишна програма за работа на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за учебната 2009/2010 година;
6. Годишен извештај за работа на Основното училиште „Илинден“ – Крива Паланка за учебната 2008/2009 година;
 7. Годишна програма за работа на Основното училиште „Илинден“ – Крива Паланка за учебната 2009/2010 година;
  8. Извештај за работа на Општински ученички дом „Боро Менков“ – Крива Паланка за учебната 2008/2009 година;
 9. Програма за работа на Општински ученички дом „Боро Менков“ – Крива Паланка за учебната 2009/2010 година;
 10. Годишен извештај за работа на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Иво Рибар Лола“ – Крива Паланка за учебната 2008/2009 година;
 11. Годишна програма за работа на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Иво Рибар Лола“ – Крива Паланка за учебната 2009/2010 година;
 12. Извештај за безбедносната состојба во областа на јавната безбедност во првите 6 месеци од 2009 година;
 13. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на Општаина Крива Паланка за 2009 година;
 14. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2009 година;
 15. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за К 1 и К 2 за ИИ квартал во 2009 година;
 16. Предлог – Одлука за дополнителна намена на цевководите Калин Камен – Крива Паланка (резервоар) и цевководот с.Станци (фабрика за вода) – Крива Паланка;
 17. Предлог – Одлука за изградба на мини хидроцентрали на цевководот Калин Камен (резервоар) и цевководот с.Станци (фабрика за вода) – Крива Паланка;
18. Предлог – Одлука за задолжување на Општина Крива Паланка до 1.000.000,00 евра со рок на отплата на 10 години, за изградба на мини хидроцентрали во Општина Крива Паланка; и
19. Предлог – Одлука за започнување на постапка за јавно приватно партнерство помеѓу Општина Крива Паланка, како јавен партнер и приватен партнер за потфатот – изградба на деловно-административна зграда во Општина Крива Паланка.
 
 Седницата ќе се одржи во големата сала на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст