Согласно со чл. 51.став 2 Од Законот за јавните патишта (службен весник на РМ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16), Општина Крива Паланка го објавува следново:
СООПШТЕНИЕ
Почнувајки од 18.04.2023 год Општина Крива Паланка ќе започне со реализација на проектот за Реконструкција на ул. „Св Јоаким Осоговски“ на потегот од Осички мост до поранешен мотел Македонија.
Во текот на градежните активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе има повремен или целосен прекин на одвивањето на сообраќајот.
Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќај на делот од улицата каде се одвиваат градежни работи и во наредниот период претежно да jа користат обиколницата од магистралниот пат А2, како алтернативен пат.