ПОКАНА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕРКИ ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА
Почитувани,
Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници. За таа цел општина Крива Паланка се вклучува во промотивната кампања и Ве поканува на презентација кој што ќе се одржи на 03.05.2023 година (среда) со почеток од 14:00 часот во сала на Совет на општина Крива Паланка.
ДНЕВЕН РЕД
13:45 часот | Пристигање и регистрација на учесници. |
14:00 часот | Обраќање – Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. |
14:10 часот | Обраќање – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. |
14:20 часот
|
– Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади и сл.); – Мерка 3 : Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи( изградба на преработувачки капацитети – млекари, кланицчни капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук – опремување со машини и опрема на истите и слично); – Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини ( поддршка на сите производни капацитети од сите дејности кои се лоцирани во рурални средини) |
Со почит,
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски