Соопштение за организирање на јавна анкета и  јавна презентација по трети пат на предлог детален урбанистички план за блок 13-В во општината Крива Паланка

Врз основа на член 35 од законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), a во согласнсот со член 93 и член 94 од законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20) градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна анкета и  јавна презентација по трети пат на предлог детален урбанистички план за блок 13-В во општината Крива Паланка

 

Јавната анкета по трети пат на горенаведениот план ќе се одржи од 09.05.2023 година до 22.05.2023 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.

Предлог деталниот урбанистички план за блок 13-В во Крива Паланка ќе биде изложен на информативните табли на општината Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.

Јавната презентација по трети за ДУП за блок 13-В во Крива Паланка ќе се одржи на ден 15.05.2023 година со почеток во 12:00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Опфатот за кој се однесува горенаведениот план е следниот:

-на север – оска на магистралниот пат А2;
-на исток – новопроектиран дол Грамаѓе 2 ја пресекува ул. Пролетерска, продолжува по дол Грамаѓе 2 и на јужната граница од КП 7122/1 свртува
кон КП 7125;
-на југ – по јужната граница на КП 7125, 7126, 7127 и 7128, на крај од КП7128 свртува кон ул. Пролетерска и од оската од истата улица свртува и
се движи по истата, го поминува новопректираниот дол Грамаѓе 1 и доаѓа до новопроектирана улица;
-на запад – по оската на новопроектирана улица, спој на ул. Пролетерска со магистралниот пат А2 спроти бензинската пумпа.

Површината на опфатот изнесува 7,35 ха.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст