Повик до граѓаните за разгледување и забелешки на Предлог – правилниците за зонско паркирање во Крива Паланка

Во насока на транспарентност и вклучување на јавноста во процесот на решавање на сообраќајниот хаос во Крива Паланка, Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности Калин Камен Крива Паланка како организатор на зонското паркирање во Крива Паланка ги објавува предлог – правилниците и ценовниците со кои ќе се регулира паркирањето на јавни површини во Крива Паланка.

Граѓаните своите забелешки можат да ги дадат на емаил адресата [email protected] најдоцна до 09.05.2023 (вторник)

Правилник за користење на јавните паркиралишта
Правилник за повластени карти
Правилник за блокирање и деблокирање на возила
Ценовник за подигање на возила со ПАЈАК возило
Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта

Големина на фонт
Контраст