Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 25-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 22.05.2023 година (понеделник ) во 12 ,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записникот од 24-та седница
- Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за I квартал за 2023 година;
- Предлог – Одлука за проширување на сретствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година ;
- Предлог- Одлука за отстапување на Е-Отпад на Општина Крива Паланка на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје;
- Предлог-Одлука за искнижување од деловните книги на расходувана електронска, сметачка и друга опрема, канцелариски намештај и друга опрема, ПП опрема и ПП апарати и останата неспомната опрема;
- Предлог-Одлука за давање право на користење недвижна ствар без надомест;
- Предлог – Решение за разрешување на член на Управен одборот во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка
- Предлог – Решение за именување на член на Управен одборот во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на ОУД „Боро Менков„ Крива Паланка ;
- Предлог –Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Правилникот за измени на правилникот за систематизација на работните места во ОУЈДГ Детелинка Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за аплицирање на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти„;
- Предлог – Одлука за донесување на план за парцелација составен дел на урбанистички проект со план за парцелација од ДУП за „Дел 1„ од урбан блок 11 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски сретстсва за изградба ,реконструкција ,одржување и заштита на општинаските патишта и улици во Општина Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на територијата на Општина Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Програмата за работа на на ЈП „ Калин Камен “Крива Паланка за 2023 година
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈП Комуналец за купопродажба на недвижен имот –земјиште на КП.бр.2909 м.в.Царски рид – култура 150000,класа 3 , во површина од 176 м2
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈП Комуналец за обезбедување на гаранција ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.1206 во КО Узем Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.1594 во КО Узем, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 2626/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Советнички прашања .
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска с.р