Соопштение за привремена забрана на сообрајќај на локален пат-улица лоцирана на КП бр.4649/2 мв.Цонев Рид КО Крива Паланка

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (службен весник на РМ бр. 5/02), член 23 од Статутот на општина Крива Паланка  (службен гласник на општина Крива Паланка бр. 8/10, 8/14, 2/18 и 3/19), чл.51 од Законот за јавни патишта (службен весник на РМ бр. 84/08 и измените на истиот заклучно со 163/16), чл. 11 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на РМ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и Сл.весник на РСМ 98/19), Градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За привремена забрана на сите видови на сообраќај на локален пат-улица лоцирана на КП бр.4649/2 мв.Цонев Рид КО Крива Паланка, а заради извршување на активности за расчистување и санација на јавниот пат после поројните дождови, почнувајки од 05-06-2023 год. па се до завршетокот на градежните активности.

Образложение:

Општина Крива Паланка иницира целосно затворање за сообраќај на гореспоменатата делница од овој локален пат-улица која е оштетена од поројните дождови во претходните денови, а заради безбедност на учесниците во сообраќајот. Притоа, земено е во предвид дека постои алтернативен пат по кој непречено може да се одвива целокупниот сообраќај. За горедонесеното решение ќе бидат известени Министерството за внатрешни работи, како и граѓаните преку средствата за јавно информирање.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст