Привремена забрана на три патни правци поради нстанатите свлечишта

Поради санација на свлечиштата настанати од поројните дождови-градоначалникот на Општина Крива Паланка донесе решение за привремена забрана на неколку улици во градот, имајќи го предвид Законот за безбедност во сообраќај на патиштата.

Привремена забрана за движење моротни возила ( освен интервентни) е воведена на:

-патен правец Крива Паланка-село Кошари, приклучок со ул.Св.Јоаким Осоговски- Саат маала

– крак од улица „Моша Пијаде“

-дел од ул.„Калин Камен“ до ограден ѕид над СОУ „Ѓорче Петров“.

Сообраќајот на сите наведени патни правци е во привремен прекин пред се од безбедносни причини, поради појавата на големи свлечишта.

Се молат граѓаните за разбирање, доследно почитување на забраната и да не ја поместуваат или отстрануваат поставената сообраќајна сигнализација за ограничување на движењето.

Решенија за забрана

Големина на фонт
Контраст