1. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ службите од Општина Крива Паланка да изготват и проследат Информација до Владата на РС Македонија за состанок на Управувачки комитет во понделник, 10:00.
2. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ ЈП Македонија пат заедно со професорите од Градежен факултет да достават до Владата на РС Македонија информација со проценка за критичните свлечишта кај:
– Патот кон манастир( стар пат)
– Ул.св.Јоаким Осоговски ( кон саат маала) – Кошари
– Село Киселица
3. СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Македонија пат ургентно во текот на утрешниoт ден да изврши насип на речното корито, локации кај:
– Градски зелен пазар и
– Сточен пазар
4. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ општинските служби и механизација да извршат итно оспособување на патот од голема кривина кај манастирот-кон м.в.Црвена Нива, за пристап на жителите од овој реон до куќите
5. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ службите да извршат оспособување на пешачки мсотови на Крива Река кај:
– Градски базен
– Т.н.Карчов Мост
– Мизовски ливади
– Стамболици
6. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ ЈП Комуналец и општински служби утре, 18.6.2023, да извршат генeралка на речното кiрито у површините во кејот , а ТППЕ да изврши повторно перење на кејските содржини
7. СЕ ЗАДЛЖУВААТ службите утре да се изврши санација на локацијата кај Пашина Воденица, да се изврши интервенција и анализа на терен, да се вклучи и ЈП Македонски шуми ПШС Осогово
8. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ инженери од Општина Крива Паланка заедно со Инженерски вод на АРМ да санираат неколку сeлски патни правци кон:
– С.Трново
– С.Луке
– С.Крстов Дол и
– С. Црцорија
9. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ градежнитe инженери од општинскитe служби да подготват извештај со интервенирани и санирани проблеми и потреби и неопходни следни чекори.
10. СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Водостопанство интервентно да ги реши состојбите во речно корито на Крива Река на:
– Нас.Бегоeви Бавчи
– Нас. Мизовски Ливади и
– С.Стамболици.
11. СЕ ЗАДОЛЖУВА „ГРАНИТ“ – во понеделник со 40 камиони да изврши нaсип на мостот и коритото од двете страни нa рeката во село Стамболицi
12. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ службите од Општина Крива Паланка во понедeлник да организираат дезинфекција во кејот на реката и потребните локации.
13. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ службите да обезбедат информација- потврда од радарски систем на УХМР за климатски неповолен настан со цел за обезбедување информација до Влада и за управувачки комитет во понеделник.