Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве звестуваме дека 27-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 03.07.2023 година (понеделник ) во 12 ,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записниците од 25, 26 и вонредна седница
1. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година ;
2. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА “;
3. Предлог- Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ КРИВА ПАЛАНКА;
4. Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка;
5. Предлог-Одлука за доделување на стипендии за ученици спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година;
6. Предлог- Одлука за субвенциониран превоз на студенти за студиската 2023/2024 кои студират на државните универзитети во Скопје, а се жители на Општина Крива Паланка;
7. Предлог –Одлука за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка;
8. Предлог-Одлука за субвенционирање на Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности „Калин Камен“ Општина Крива Паланка;
9. Предлог-Одлука за зголемување на основна главнина на Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности КАЛИН КАМЕН – Крива Паланка;
10. Предлог-Одлука за давање согласност за распишување на постапка со преговарање без објавување на оглас за ангажирање на градежна механизација и тампонирање на места погодени од поплави на територија на Општина Крива Паланка ;
11. Предлог-Решение за разрешување на член на Управниот Одбор на ЈП „Калин Камен “ – Крива Паланка;
12. Предлог-Решение за разрешување член на Управниот одбор на ОУД –„Боро Менков“ – Крива Паланка;
13. Предлог-Решение за именување член на Управниот одбор на ОУД–„Боро Менков“ – Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска с.р