-Утрово на подрачјето на Општина Крива Паланка се изврши првото од предвидените три авионски прскања против комарци за оваа година, реализирано е успешно во раните утрински часови, во периодот помеѓу пет и шест часот.
Со тоа активностите за заштита на населението од комарци се отпочнати и согласно планираната динамика, во соработка со надлежен оператор, тековно во претстојниот период ќе бидат реализирани останатите две аеро-запрашувања или доколку е потребно,адекватна терестијална дезинсекција, со цел ефикасно делување против инсекти и комарци во текот на летото.
Пчеларите од општината беа уредно и навремено известени во времето на прскање и неколку часа по реализација на истото да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средствата со кои се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.