Известување до граѓаните за подмирување на обврски по основ на данок на имот и комунална такса за фирмарина

Општина Крива Паланка ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон постапка за присилна наплата на неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот и комунална такса за фирмарина.

Во наредниот период ќе бидат доставени опомени до граѓаните по основ на неплатени обврски кои ќе можат да си ги подмират во законскиот рок, а со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките.

За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Одделението за финансиски прашања во просториите на Општина Крива Паланка или кај лицата за контакт Снежана Стојановска (076/337-467, [email protected]) и Емил Денчевски (078/282-560, [email protected])

Големина на фонт
Контраст