Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 30-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда ) во 12,00 часот.
Д н е в е н р е д:
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2022/2023 година ;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2023/2024 година;
- Предлог- Одлука за давање на согласност за подготовка, аплицирање, имплементација и одржливост на проектот „ Зачувување на областите преку регионално знаење и одржливост“;
- Предлог- Решение за разрешување член на Училишен одбор на СОУ –„Ѓорче Петров“ – Крива Паланка ;
- Предлог- Одлука за проширување на сретствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година ;
- Предлог- Одлука за измена на распоредот на сретствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година ;
- Предлог-Мислење за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности за учениците од III ,VI и IX-то – одделение од ООУ „ Јоаким Крчовски “ – Крива Паланка
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска ,с.р