Известување за времен режим на сообраќај на ул.Македонска на потегот од Големиот Мост (т.н. Шанин Мост) кон Метереолошка Станица

Согласно со чл. 51.став 2 Од Законот за јавните патишта (службен весник на РМ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16), Општина Крива Паланка го објавува следново:

СООПШТЕНИЕ

Почнувајки од 25.09.2023 год Општина Крива Паланка ќе започне со реализација на  проектот:

-Реконструкција на ул. Македонска на потегот од Големиот Мост (т.н. Шанин Мост) кон Метереолошка Станица, како и „Изградба и реконструкција  на делови од атмосферска и фекална канализација во нас. Баглак“ на почетниот дел на ул. Македонска на потегот од Големиот Мост (т.н. Шанин Мост) по успонот до првата кривина.

Во текот на градежните активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе има  повремен или целосен прекин на одвивањето на сообраќајот.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и инструкциите од изведувачот на делот од улицата каде се одвиваат градежни работи.

                                                                                            Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст