Општина Крива Паланка заедно со граѓаните го започнува процесот за подготовка на Буџетот за 2024 година

Почнувајќи од  денеска, секој жител на Општина Крива Паланка ќе може да учествува во донесување одлуки на локално ниво и партиципативно да учествува во подготовка на Програмите за работа и Буџетот на Општина Крива Паланка за 2024  година.

Со цел да се овозможи поедноставување на овој процес и за поголема партиципативност и вклученост на граѓаните, граѓанките, граѓанските здруженија и правни лица, при креирање на Буџетот за 2024 година, Општина Крива Паланка постави и анкетен прашалник и посебен линк, кој води до него:
https://forms.gle/i9qEcsawSxpvcUP1A

Општина Крива Паланка ги охрабрува сите граѓани, во овој анкетен прашалник да ги наведат сите свои приоритети, предлози, потреби и идеи за подобрување на условите за живот во локалната заедница, како и решавање на проблеми со кои се соочуваат.

Предлозите од граѓаните ќе бидат разгледани и анализирани од соодветните одделенија и сектори во Општина Крива Паланка и сите реално остварливи предлози и идеи, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите, ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.

Големина на фонт
Контраст