Дневен ред на 31-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 31-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 31.10.2023 година (вторник  ) во 12,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записници од 29-та ,30-та и свечена седница

  1. Информација за преземени мерки и активности на СВР Куманово ОВР Крива Паланка   во текот на првото  полугодие од 2023 година;
  2. Предлог – Одлука за прифаќање на иницијативата за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
  3. Предлог –  Одлука за  изменување на Статутот на Општина Крива Паланка;
  4. Предлог-Одлука за формирање Комисија за заштита на пациентите на Општина Крива Паланка;
  5. Предлог-Одлука за организацијата ,делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Крива Паланка ;
  6. Предлог – Решение за разрешување член на Управниот одбор на Дом за ученици–„Боро Менков“ – Крива Паланка ;
  7. Предлог – Решение за  именување на   член на Училишен  одбор на СОУ –„Ѓорче Петров“ – Крива Паланка ;
  8. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за внесување на основна главнина на  Јавното претпријатие за комунални услуги „Комуналец“ Крива Паланка ;
  9. Предлог – Одлука за давање согласност за доделување на наградата „Прогласување на најуспешен земјоделец/лка за 2023 година “ во Општина Крива Паланка;
  10. Предлог-Одлука за давање на согласност за издавање под закуп на недвижен имот – деловен простор во сопственост на Општина Крива Паланка со електронско јавно наддавање;
  11. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за процена на пазарна вредност по зони на недвижен имот, градежно изградено, неизградено и земјоделско земјиште во Општина Крива Паланка .

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                    Претседател,
                                                                                                        Изабела Павловска , с.р.

Големина на фонт
Контраст