Почитувани сограѓани,
Во изминатиот 2 годишен период релаизиравме многу проекти и бројни активности од сите области и надлежности кои ги има општината.
Затоа Општина Крива Паланка и Градоначалникот Сашко Митовски, Ве покануваат заеднички да ја проследиме презентацијата на Отчетот со ретроспектива на сработеното низ бројки и проекти, за поубава и модерна, урбана општина за подобар живот на сите граѓани.
Презентацијата на Отчетот ќе биде на ден 4 ноември 2023 година во салата на НУ Центар за Култура Крива Паланка со почеток од 18:00 часот.
Поканата е отворена за сите наши сограѓани и ќе ни причинува особена чест и здадоволство доколку со вашето присувство го збогатите овој настан.
Со почит,
Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Сашко Митовски