Покана од Општина Крива Паланка за првата форумска сесија од Буџетскиот форум

Oпштина Крива Паланка, во периодот на месец ноември 2023 г. ќе реализира „Родово одговорен буџетски форум“ со цел партиципативно и транспарентно родово одговорно изготвување на буџетот на општината за 2023 година, заедно со граѓаните.

Првата форумска сесија – работилница, ќе се одржи на 7- ми ноември, 2023г. (вторник) во општинската сала, со почеток во 12 часот.

Во интерес на вашето време, оваа форумска сесија ќе биде поделена во два дела:

  • I дел ќе биде отчетен, односно форумот ќе биде запознаен со реализацијата на буџетот на општината заклучно со 30.09.2023г. и статусот, реализацијата на форумските приоритети од буџетскиот  форумски процес за подготовка на буџетот за 2023 година.
  • II  дел ќе претставува воспоставување на  форумскиот процес за подготовка  на буџетот на општината за 2024 година.

Почнувајќи од 1-ви ноември  заклучно со 30-ти, ќе се одржат 4 форумски сесии, на кои ќе се подготви предлог буџетот за 2024 година и истиот ќе се достави на усвојување на  Советот на Општината во месец декември 2023.

Форумот има за  цел  да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво  и низ еден широко транспарентен начин да  обезбеди родово одговорна алокација на буџетските  средства, водејќи сметка за различните потреби  и приоритети на граѓаните и граѓанките.

Вашето директно учество  и  придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка  за 2024 година е од голема важност и интерес за целата локална заедница.

Прилог – ДНЕВЕН РЕД

Со почит,
Општина  Крива Паланка
                                                                                     Градоначалник,
                                                                                  Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст