Известување

Еден од главните приоритети на ЈП„Комуналец“-Крива Паланка, Сектор водовод, канализација и филтер станица е  перманентна испорака на квалитетна  и здрава вода за пиење на граѓаните.

За следење на квалитетот и здравствената исправност на водата за пиење според позитивните законски прописи,редовно се земаат мостри од  Градски водовод „Калин Камен“со коj стопанисува ЈП„Комуналец“-Крива Паланка.

Мостри за анализа на вода се земаат од страна на Фуд-лаб – Скопје (акредитирана лабораторија која има склучено договор по тендер за јавна набавка) и вршат контрола преку основна анализа која опфаќа мала физичко – хемиска анализа и микробиолошка.Исто така, мостри се доставуваат и во Институтот за јавно здравје на РСМ во Скопје,анализа на водата вршат преку периодична анализа,кoja опфаќа голема физичко – хемиска анализа, бактериолошка, паразитолошка,  радиоактивност и присуство на пестициди.

Обемот и видот на испитувањето на водата за пиење е утврден според посебна програма,која секоја година ја изготвува ЈП „Комуналец“- Крива Паланка во согласност со Правилникот за безбедност на водата за пиење („Сл.весник“на РСМ,бр.183 од 2018 год.)

Земањето на мостри за анализа на водата за пиење е одредена согласно Прилог 2,Табела 1 и 2 од Правилникот, а сподред добиените податоци за дистрибуираната количина на вода изразена во м³/ден за ЈП„Комуналец“- Кр.Паланка треба да се направи задолжители анализи за  Градски водовод „Калин Камен“за 2023 година и тоа:

– 24 физ.хемиски и  24 микробиолошки (две анализи месечно)

– 2 периодични анализи кoja опфаќа голема физичко – хемиска анализа,         бактериолошка, паразитолошка,  радиоактивност и присуство на пестициди.

Заклучно со месец октомви се земени 20 физ. хемиски и 20 микробиолошки анализи  како и една периодична анализа.Сите земени мостри за анализа на вода за пиење одговараат на законските и стручни прописи по Правилникот за безбедност на водата за пиење („Сл.весник“на РСМ,бр.183 од 2018 год.)

ЈП„Комуналец“-Крива Паланка доставува секој месец резултати од анализа на мостра од сирова вода до Државниот инспекторат за животна средина за да го следат квалитетот на зафатената вода.

Дезинфекцијата на водата за пиење се врши со хлорирање кое е во согласност со важечките законски прописи.Хлорирањето е континуирано.На градскиот водовод хлорирањето се врши автоматски со гасен хлоринатор во шахта која се наоѓа пред градските резервоари.

Од горенаведеното може да се заклучи дека квалитетот на водата  е на висико ниво.За жал сеуште има метални цевки кои што не се сменети долг временски период и од истите при промена на притисок во водоводната мрежа може да дојде до заматување на водата, но матноста е во дозволените граници.За отстранување на овие несакани појави ЈП „Комуналец“- Крива Паланка во соработка со Општина Крива Паланка во граници на финансиската можност врши замена на овие застарени линии, се со цел испорачување на квалитетна вода до крајниот корисник.

ЈП „Комуналец“- Крива Паланка          

Големина на фонт
Контраст