Четврта форумска сесија за буџет 2023

ЧЕТВРТА   форумска сесија
*РОДОВО ОДГОВОРЕН  БУЏЕТСКИ ФОРУМ*
01.12.2023г. (петок), 12 часот, место- атриум сала,
ООУ,,Јоаким Крчовски,, зграда Партизан

 

 Почитувани граѓани и граѓанки,

Четвртата форумска сесија од родово  одговорниот буџетскиот форум во општина Крива Паланка ќе се  одржи на 1-ви декември 2023 година, во атриум салата на  ООУ ,,Јоаким Крчовски – објект  Партизан,, со почеток во 12 часот.

Ве покануваме  да  учествувате на  четвртата  Форумска сесија, од  *РОДОВО ОДГОВОРНИОТ БУЏЕТСКИ  ФОРУМСКИ ПРОЦЕС * 

На оваа форумска сесија граѓаните, кои се стекнале со право на глас, ќе гласаат и ќе одлучуваат по проектите што беа предмет на дискусија во текот на изминатите сесии и кои од страна  на општината се прифатени да бидат дел од општинскиот буџет за 2024  година.  Имено, од нивна страна ќе биде направена приоритетна листа за проектите  – предлозите  дадени од учесниците  на II  и III  форумска сесија  во рамки на 13 оперативни годишни буџетски  програми  на општината, а кои се очекува да бидат реализирани идната година.

На оваа сесија ќе бидат презентирани и севкупните резултати од буџетскиот форумски процес, како и препораките од граѓаните до општината.

Ќе биде формирана и Работна група, која ќе ги застапува граѓаните и ќе го следи спроведувањето на донесените форумски предлози, препораки и проекти.

Градоначалникот Сашко  Митовски, ќе има свое обраќање кон присутните   во однос на форумските одлуки од граѓаните и обврската од страна на општината за нивно спроведување.

Во октомври-ноември, идната година, за кога е предвидена петата  (последователна ) сесија, општината треба да даде отчет за реализација на граѓанските предлози и приоритети,произлезени од форумскиот процес.

Форумот има за  цел  да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво  и низ еден широко транспарентен начин да  обезбеди родово одговорна алокација на буџетските  средства, водејќи сметка за различните потреби  и приоритети на граѓаните и граѓанките

За сите дополнителни информации доколку  имате  потреба во врска со форумските  сесии, лице за контакт е  Лидија Митовска, [email protected] , 076 337 445

Бидете  поздравени!

                                                                                        Општина  Крива Паланка
                                                                                                  Градоначалник
                                                                                                Сашко Митовски

 

Големина на фонт
Контраст