Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка

Врз основа на член 27 и 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.32/20 и 111/23) и член 23 од статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23 ,05/23 и 14/23 ), градоначалникот на општината Крива Паланка донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна анкета и  јавна презентација за Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка

 

Јавната анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 20.12.2023 година до 22.01.2024 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.

Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациските табли на општаната Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.

Јавната презентација за Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 12.01.2024 година со почеток во 12,00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Планскиот опфат кое е предмет на уредување на Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка зафаќа површина од 10,526ха (105.265,00м2) и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок Ј-01, со плански опфат кој е дефиниран со следниве граници:

-од север оска-осовина на „Крива Река“,
-од запад регулација на „Скрљавски дол“,
-од југ оска-осовина на ул.„Св. Јоаким Осоговски“(ул.„Маршал Тито“),
-од исток регулација на дол „Житен склад“.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем на е-урбанизам.

 

                                                                                      ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                   Градоначалник
                                                                                                 Сашко Митовски

Детален урбанистички план за Блок 10А
Анкетен лист

Големина на фонт
Контраст