Дневен ред на 33-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 33-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 07.12.2023 година (четврток ) во 12,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записник од 32-та  седница

  1. Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка
  2. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2024 година;
  3. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на развој на информатичка технологија за 2024  година;
  4. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2024 година;
  5. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2024 година;
  6. Предлог – Програма за Локалниот економски развој на Општина Крива Паланка за 2024 година;
  7. Предлог-Одлука за усвојување на План за локален економски развој на Општина Крива Паланка за период 2024-2027 година;
  8. Предлог – Програма за социјална,детска и здравствена заштита во Општина Крива Паланка за 2024 година;
  9. Предлог-Одлука за распределба на средства од блок дотација за за 2024 година;
  10. Предлог-Решение за именување членови на Општински совет за превенција на детско престапништво во Општина Крива  Паланка ;
  11. Предлог – Програма на Општина Крива Паланка од областа на соработка  со здруженија на граѓани и фондации за 2024 година ;
  12. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднаквите можности за 2024 година;
  13. Предлог- Програма за активностите на Општина Крива Паланка за градење и зајакнување на организациските капацитети од областа на човечките ресурси за 2024 година;
  14. Предлог-Одлука за измена на годишниот план за вработување за 2023 година на Општина Крива Паланка ;
  15. Предлог-Програма за работа на Локалниот Младински совет за 2024 година;
  16. Предлог-Програма  за млади на Општина Крива Паланка  за 2024 година;
  17. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2024 година;
  18. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2024 година;
  19. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2024 година;
  20. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2024 година;
  21. Предлог – Програмата за јавна чистота во град Крива Паланка за 2024 година;
  22. Предлог-Програма за подигање и одржување  на градското зеленило  во Крива Паланка  за 2024 година ;
  23. Предлог –Програма за уредување на сообраќајна сигнализација на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2024 година;
  24. Предлог-Програма за животна средина на Општина Крива Паланка за 2024 година;
  25. Предлог- Програма за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2024 година:
  26. Предлог – Програма за   изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2024 година;
  27. Предлог –Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областана заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управување со кризи во 2024 година;
  28. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за времено уредување на јавни површини;
  29. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 4522/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка
  30. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.4646/2 во КО Луке, Општина Крива Паланка;
  31. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.3966/1 и дел од к.п.бр.3966/2 во КО Луке, Општина Крива Паланка
  32. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 639 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка,
  33. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина КРИВА ПАЛАНКА за 2023 година;
  34. Предлог-Одлука за домашно долгорочно задолжување на општина Крива Паланка  со цел обезбедување на финансиски средства за финансирање на преземени обврски и обврски по основ на земени позајмици;
  35. Предлог-Одлука за домашно долгорочно задолжување на општина Крива Паланка за финансирање на капитални инвестициони проекти,
  36. Предлог-Одлука за прифаќање на иницијативи за дополнување  на предлог-листата  на имиња на улици,плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка;
  37. Предлог-Предлог листа на улици,плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка.

                                                                            СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                 ПРЕТСЕДАТЕЛ,
                                                                                         Изабела Павловска

Големина на фонт
Контраст