Соопштение за реконструкција на ул. Св. Јоаким Осоговски на потегот од Градски Музеј до Соларски Мост

Почнувајки од 15. 12. 2023 год Општина Крива Паланка ќе започне со реализација на  проектот:

Реконструкција на ул. Св. Јоаким Осоговски на потегот од Градски Музеј до Соларски Мост, Крива Паланка и Реконструкција на ул. Св. Јоаким Осоговски на потегот од населба Единство до Градски Музеј, Крива Паланка

Во текот на градежните активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе има  повремен или целосен прекин на одвивањето на сообраќајот.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и инструкциите од изведувачот на делот од улицата каде се одвиваат градежни работи.

Големина на фонт
Контраст