Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 34-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 25.12.2023 година (понеделник) во 12,00 часот.
ДНЕВЕН РЕД
Новогодишно обраќање на Градоначалникот –
- Предлог- Предлог – Програма за социјална,детска и здравствена заштита во Општина Крива Паланка за 2024 година;
- Предлог- Програма за активностите на Општина Крива Паланка за стручно усовршување на вработените и тим билдинг за 2024 година
- Предлог- Одлука за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година;
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Крива Палнака за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2024 година;
- Предлог – Буџетски календар за планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година;
- Предлог-Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за млади за купен велосипед за 2024 година;
- Предлог- Одлука за доделување на еднократен финансиски надоместок за секое новороденче запишано со адреса на живеење на територија на Општина Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за ослободување од партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во ОУЈДГ „ДЕТЕЛИНКА“ – Крива Паланка за учебната 2023/2024 година;
- Предлог-Одлука за давање на приоритет за реализација на проекти;
- Предлог-Одлука за давање на приоритет за реализација на проекти со користење на средства од Владата на РСМ;
- Предлог –Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на Статутот на Заедничкото Јавно Претпријатие за управување со отпад ЕКО ИСТОК -СЕВЕРОИСТОК Свети Николе .
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.