СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ

Почитувани граѓани, Општина Крива Паланка  во соработка со Општина Ќустендил и со Овоштарскиот институт од Ќустендил Р.Бугарија, а со цел унапредување на овоштарството во општината организира стручно предавање од областа на овоштарството.

Предавањето ќе се одржи на ден 12.11.2009 г. (четврток) во 14 часот во големата сала на  Советот Општина Крива Паланка.

Ги повикуваме сите граѓани кои се занимаваат со земјоделие или пак сакаат некои свои слободни површини да ги претворат во овоштарници да присуствуваат и да земаат учество на ова предавање, бидејќи истото ќе биде презентирано од високо стручни лица како што е Г-дин д-р Димитар Домазетов, Директор на Овоштарскиот институт од Ќустендил.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ГРАДОНАЧАЛНИК
АРСЕНЧО АЛЕКСОВСКИ

Големина на фонт
Контраст