Врз основа на член 27 и 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.32/20 и 111/23) и член 23 од статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23 ,05/23 и 14/23 ), градоначалникот на општината Крива Паланка донесе
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна анкета и јавна презентација за Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-06 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка
Јавната анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 06.02.2024 година до 07.03.2024 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.
Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-06 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациските табли на општаната Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.
Јавната презентација за Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-06 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 29.02.2024 година со почеток во 12,00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.
Планскиот опфат кое е предмет на уредување на Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-06 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка зафаќа површина од 0,54ха и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок Ј-06, со плански опфат кој е дефиниран со следниве граници:
-помеѓу од ул. „Св. Јоаким Осоговски“ кај КП 3649/7 КО Крива Паланка долж северо-источна осовина на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ до крстосница со ул. „17 Македонска Бригада“, осовина на ул. „17 Македонска Бригада“ до крстосница со ул. „Наско Тамбрукров“, осовина на ул. „Наско Тамбрукров“ до КП 3649/8 КО Крива Паланка, на север ја пресекува КП3650/1, ја опфаќа КП 3649/8, поминува помеѓу границата на КП 3649/3, 3651, 3649/3 и 3649/7.
Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем на е-урбанизам.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски