Соопштение
Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека, делот од пристапниот пат кон ул. „Калин Камен“ (над појавеното свлечиште на ул. „Св.Јоаким Ососговски“ кај Осички Мост) ќе биде целосно затворен за сообраќај почнувајки од 27.02.2024.
Сообраќајот на овој патен правец ќе биде во привремен прекин поради изведба на истражни работи за дупнатини на оваа локација од страна на Друштвото за градежништво ГЕИНГ доо.
Како алтернативен пат за неопходен пристап и потреби на граѓаните, може да се користи кракот, кој ги поврзува стариот манастирски пат (кај големата кривина) и м.в. Црвена Нива и понатаму во правец кон ул. „Калин Камен“.
Се молат граѓаните за разбирање и доследно почитување на забраната и да не ја поместуваат или отстрануваат сообраќајна сигнализација која ќе биде поставена.