Дневен ред на 38-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 38-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 15.03.2024 година (петок ) во 09,00 часот.

Д н е в е н р е д:

-Усвојување на записници од 36,37 и вонредна седница на совет –
1. Информација за преземени мерки и активности на СВР Куманово ОВР Крива Паланка во текот на второто полугодие од 2023 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за работа на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2023 година;
3. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работа на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2023 година;
4. Предлог – Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2023 година;
5. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ Крива Паланка за 2023 година;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Илинден“ Крива Паланка за 2023 година;
7. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка за 2023 година;
8. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за 2023 година;
9. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за 2023 година;
10. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2023 година;
11. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП Комуналец за 2024 година;
12. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Калин Камен “ Крива Паланка за 2023 година ;
13. Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за IV квартал за 2023 година;
14. Предлог- Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година;
15. Предлог-Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ „Св.Јоаким Крчовски„ Крива Паланка ;
16. Предлог-Програма за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2024 година;
17. Предлог-Одлука за доделување на признание за Најуспешен просветен работник во одделенска настава и признание за Најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на Општина Крива Паланка за учебната 2023/2024 година;
18. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Обезбедување на еднократна парична и материјална помош (градежни материјали), на лица во ризик, лица кои претрпеле елементарни непогоди и несреќи, лица не способни за работа, лица со попречености, стари лица по основ на барање доставено од странката”;
19. Предлог-Одлука за прифаќање на иницијативата за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
20. Предлог- Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
21. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука за обезбедување на бесплатен термин за користење на спортски објекти ;
22. Предлог-Одлука за Субвенционирање на Јавното Претпријатие за дистрибуција на природен гас и енргетски дејности „Калин Камен“ Општина Крива Паланка;
23. Предлог-Одлука за давање во трајна сопственост на опрема на ЈОУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка
24. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2024 година;
25. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант, меѓу Општина Крива Паланка и Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија;
26. Изјава
27. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 149/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
28. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.260/1 и дел од к.п.бр.261 во КО Варовиште, Општина Крива Паланка ;
29. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.9373 во КО Градец, Општина Крива Паланка;
30. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.3508 и дел од к.п.бр.6566/1 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
31. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.260/1 и дел од к.п.бр.261 во КО Варовиште, Општина Крива Паланка;
32. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.9380 во КО Градец, Општина Крива Паланка;
33. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.3316/1 во КО Конопница, Општина Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.

Големина на фонт
Контраст