Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02), член 23 став (2) точка 15 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21………05/2024) и член 88 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на РМ бр.124/15), а во врска со Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година на Општина Крива Паланка, Јавниот повик со бр.08-2547/1 од 22.05.2024 и 08-2890/1 од 07.06.2024 година и Записник од одржан состанок на Комисијата за избор и селекција на деца кои ги исполнуваат условите за стекнување на правото за користење бесплатно летување со бр.08-2547/28 од 18.06.2024 година, на ден 18.06.2024 година Градоначалникот донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за финална селекција на деца апликанти кои ги исполнуваат условите пријавени на Јавен повик со број 08-2547/1 од 22.05.2024 и 08-2890/1 од 07.06.2024 година
Градоначалникот на Општина Крива Паланка го прифти Записникот на Комисијата за избор и селекција на деца кои ги исполнуваат условите за стекнување на правото за користење бесплатно летување, активност која е дел од Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година на Општина Крива Паланка.
Врз основа на Записникот со бр.08-2547/28 од 18.06.2024 година, се донесува ова Решение, за децата кои аплицирале на Јавниот повик со 08-2547/1 од 22.05.2024 и 08-2890/1 од 07.06.2024 година за бесплатно летување на деца од социјално загрозени семејства и во лоша финансиска состојба, а ги исполнуваат условите и ги имаат потребните документи се:
- Ивона Николовска 6-то одделение- ООУ „Илинден“,
- Дамјан Николовски 3-то одделение -ООУ „Илинден“,
- Кети Миленковска 6-то одделение- ООУ „Илинден“,
- Антонио Ѓорѓиевски 5-то одделение- ООУ „Илинден“,
- Јован Георгиевски 6-то одделение -ООУ „Илинден“,
- Милан Гоговски 7- мо одделение- ООУ „Св.Јоаким Крчовски“,
- Максим Милошевски 2-ро одделение- ООУ „Св.Јоаким Крчовски“,
- Јана Крстевска 4-то одделение- ООУ „Илинден “,
- Ана Марија Стаменковска 9-то одделение -ООУ „Илинден “,
- Драган Младеновски 4-то одделение-ООУ „Илинден “ и
- Лука Младеновски 6-то одделение- ООУ „Илинден“.
Горенаведените ученици ги исполнуваат условите за бесплатно летување за периодот во месец Август 2024 година, во Детско одмаралиште „Радости“, а кое ќе биде спроведено од страна на Сојуз за грижа и воспитување на деца, Скопје, Република Македонија и е финансирано од буџетот на Општина Крива Паланка.
Останатите деветнаесет ученика кои аплицираа на Јавниот повик со 08-2547/1 од 22.05.2024 и 08-2890/1 од 07.06.2024 година, не ги исполнуваат условите според Правилникот за критериумите начинот и постапката за стекнување на правото за користење услуга за одмор и рекреација на деца од 7 до 14 години во социјален ризик односно деца на родители корисници на гарантирана минимална помош, деца на самохрани родители и деца без родители и родителска грижа со бр.08-1379/1 од 07.03.2024 година.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски