Известување до граѓаните кои имаат материјални штети на нивниот имот од обилните врнежи кои се случија  на територија на Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка ги  известува  граѓаните кои имаат материјални штети на нивниот имот од обилните врнежи кои се случија  на територија на Општина Крива Паланка , да ги пријават во просториите на Општина Крива Паланка до Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Крива Паланка.

Потребни документи:

  • Барање за пријавување на штета од природна непогода, (образецот граѓаните можат да го подигнат од архивата на Општина Крива Паланка или да го симнат од веб-страницата на Општина Крива Паланка).

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • Фотокопија од имотен лист,
  • Фотокопија од лична карта,
  • Изјава за користење на личните податоци (образецот граѓаните можат да го подигнат од архивата на Општина Крива Паланка или да го симнат од веб-страницата на Општина Крива Паланка),
  • Фотокопија од трансакциска сметка.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08.00 часот до 15.00 часот,  во Архива на Општина Крива Паланка

  ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                  Градоначалник,
Сашко Митовски

 

Големина на фонт
Контраст