Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) и член 23 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.08/2010, 12/2010, 08/2014, 02/2018, 03/2019, 08/2021, 01/2023, 05/2023, 14/2023 и 05/2024), на ден 10.07.2024 година, Градоначалникот донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОК НА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ОФИЦИЈАЛНА ПЕСНА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
1. Се продолжува рокот на Конкурсот со бр.08-2952/1 од 12.06.2024 година за 20 дена.
- Конкурсниот труд треба да биде доставен најдоцна до 01.08.2024 година (четврток) до 15:30 часот.
2. Во останатиот дел Конкурсот останува непроменет.
3. Решението влегува во сила со денот на донесувањето.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски