Јавно известување за Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна инфраструктура за “Калин Камен” KO Б’с, КO Кркља и КO Варовиште, Општина Крива Паланкa

Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ”, бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и („Службен весник на РСМ“, бр. 89/22 и 171/22), Градоначалникот на Општина Крива Паланка го дава следното

Ј А В Н О    И З В Е С Т У В А Њ Е
За Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна инфраструктура за “Калин Камен” KO Б’с, КO Кркља и КO Варовиште, Општина Крива Паланкa

Се известува заинтересирната јавност дека Општина Крива Паланка во постапката за донесување на урбанистички планови изработи Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна инфраструктура за “Калин Камен” KO Б’с, КO Кркља и КO Варовиште, Општина Крива Паланка.

Изработениот Нацрт Извештај како и нацрт планскиот документ се достапни на заинтересираната јавност на интернет страницата на Општина Крива Паланка /www.krivapalanka.gov.mk/, како и во просториите на Општина Крива Паланка секој работен ден од 17.07.2024 година до 15.08.2024 година.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 09.08.2024 година, во 12:00 часот во просториите на Општина Крива Паланка каде заинтересираните граѓани и правни лица можат да присуствуваат и да даваат свои забелешки, мислења и предлози.

                                                                                                    ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
                                                                                                              Сашко Митовски

Нацрт извештај за СОЖС

Големина на фонт
Контраст